Македонија ја заврши 2011 година со инфлација од 3,9 отсто

Bez autora
Jan 03 2012

Индексот на трошоците на живот, кој што е клучниот показател за движењето на инфлацијата, во декември 2011 година во Македонија се зголемил за 3,9 отсто, во споредба со крајот на 2010 година. Ова денеска го соопшти Државниот завод за статистика, додавајќи дека истовремено индексот на цените на мало се зголемил за четири отсто. Движењето на индексот на цените на мало во 2011 година беше различно по одделни групи на производи, се наведува во соопштението на Државниот завод за статистика. Пораст на индексите е забележан во групите: Индустриско-прехранбени производи за 6,1%, Непрехранбени индустриски производи за 5,4%, Земјоделски производи за 5 %, Услуги за 1,8% и Пијалаци за 0,7%. Движењето на индексот на трошоците на животот во 2011 година, исто така, беше различно по одделни групи на потрошувачка.

Македонија ја заврши 2011 година со инфлација од 3,9 отстоИндексот на трошоците на живот, кој што е клучниот показател за движењето на инфлацијата, во декември 2011 година во Македонија се зголемил за 3,9 отсто, во споредба со крајот на 2010 година.

Ова денеска го соопшти Државниот завод за статистика, додавајќи дека истовремено  индексот на цените на мало се зголемил за четири отсто.

Движењето на индексот на цените на мало во 2011 година беше различно по одделни групи на производи, се наведува во соопштението на Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите е забележан во групите: Индустриско-прехранбени производи за 6,1%, Непрехранбени индустриски производи за 5,4%, Земјоделски производи за 5 %, Услуги за 1,8% и Пијалаци за 0,7%.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2011 година, исто така, беше различно по одделни групи на потрошувачка. Пораст на индексите е забележан во групите: Исхрана за 6,4%, Стан (станарина, вода и услуги) за 5,6%, Огрев и осветление за 4,8%, Сообраќајни средства и услуги за 3,1%, Хигиена и здравје за 2,9%, Ресторани и хотели за 1,6%, Облека и обувки за 1,4%, Тутун и пијалаци за 0,9% и Покуќнина за 0,1%.

Намалување на индексот е забележано во групата Култура и разонода за 0,8% и Останати услуги, неспомнати на друго место за 0,1%.

Индексот на цените на мало во декември 2011 година, во споредба со претходниот месец останал непроменет, додека индексот на трошоците на живот се намалил за 0,1 отсто, што означува блага дефлација.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik